ФДИ Магазин: Велес и Штип микро градови- лидери за инвестирање
10.03.2014 13:21
Според магазинот, Македонија стои подобро од речиси сите земји од нашето опкружување...

Угледниот „ФДИ Магазин“ на групацијата „Фајненшл Тајмс“, потврдува уште еднаш дека во Македонија има добра бизнис клима. Ги рангира Велес заедно со Штип како микро градови, лидери за инвестирање. Според магазинот, Македонија стои подобро од речиси сите земји од нашето опкружување.
Општина Велес лани доби Сертификат за поволен деловен амбиент во југоисточна Европа, што според локалните власти е доказ дека економските потенцијали се развиваат во вистинска насока. Еден вид гаранција дека се работи за стабилна општина, која е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор.
Во периодот што следи, добивањето на оваа потврда е многу важно и од аспект на тоа што општината пред странските инвеститори и пред меѓународната заедница ќе даде гаранција дека се работи за стабилна општина, општина што е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор.
По повод високиот ранг на листата на Фајненшл Тајмс, на 12-ти март, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо ќе прими и награда во Кан. Церемонијата се поклопува со одржувањето на саемот за индустриски недвижности на кои ќе присуствуваат бројни компании на кои ќе им бидат претставени бизнис можностите во Македонија.
