Заврши пријавувањето на дијаспората за претседателските избори
10.03.2014 13:54
Главната пречка со која се соочиле гласачите при регистрирањето е тоа што, за разлика од изборите во 2011-та, кога се пријавуваа со сите важечки документи кои ги имаат, овојпат пријавувањето е можно само со биометриски документи.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање на претседателските избори и кои добиле потврда дека се внесени во избирачкиот список, автоматски ќе бидат запишани за гласање и за предвремените парламентарни избори. Дополнително, во рок до 30 март граѓаните во дијаспората, кои досега не се пријавиле, ќе можат да го сторат тоа, но само за гласање на предвремените парламентарни избори.
Главната пречка со која се соочиле гласачите при регистрирањето е тоа што, за разлика од изборите во 2011-та, кога се пријавуваа со сите важечки документи кои ги имаат, овојпат пријавувањето е можно само со биометриски документи.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 12 април, еден ден пред гласањето во Македонија. Предвремените парламетарни избори и евентуалниот втор круг на претседателските избори ќе се одржат на 26 април, повторно еден ден пред гласањето во Македонија.
Државната изборна комисија на својата интернет страница веќе го објави образецот 30 ГС кој е потребен за пријавување за гласање на предвремените парламентарни избори.
