Велосипедизам
Стартуваше трката до сонцето
10.03.2014 14:10
Французинот Насер Бухани е победник на првата етапа на втората професионална велосипедска трка во 2014-тата Париз-Ница.

72-то издание на натпреварот што е вовед во богатата сезона стартуваше во Манте Ла Жоли и по два круга долги 162,5 километри заврши со спринт во кој најуспешен беше велосипедистот на Франсе Д Жу пред германецот Дегенколб од Џајант Шимано и третопласираниот Мерсман од Омега Парма тимот. Првата етапа иако без ридски цели и опасни спустови изобилуваше со многу падови, па дел од фаворитите загубија многу време уште на стартот. Денеска се вози втората етапа, одново рамничарска со должина од 205 километри. До 16 март велосипедистите ќе минат вкупно 1446 километри поделени во 8 етапи со финиш во Ница.
