Климатските промени го намалуваат производството на мед
Пчеларството погодено од климатските промени
08.11.2013 13:17
Сушата ги остава пчелите без харана , особено оние кои се одгледуваат на органски начин , без прихранување со шеќер
Сушата и болестите го преполовуваат производството на мед . Скоро 4 500 пчелари со 183 илјади пчелни семејства , се на мака како да се справат со проблемите , и да произведат квалитетен и незагаден мед.
Производителите на органски мед имаат најголеми проблеми зашто кај нив не се дозволуваат прихранување со шеќер или смесување на кошниците во близина на ниви со индустриски култури кои хемиски се заштитуваат.
Државата планира да им помогне на земјоделците. Наскоро тие треба да добијат советници за едукација како да производуваат во услови на вакви климатски промени.
До крајот на годинава терба да се донесе и законот за советодавни услуги со кој фармерите ќе имаат свои советници за сите проблеми во процесот во производството на храна.
