Саем на кариера- можност за вработување и практична работа

10.03.2014 15:03

На саемот ќе учествуваат 18 компании, а една од нив е и британската Ендава, странски инвеститор која планира да вработи 500 кадри од ИТ секторот...

Од денеска па се до 14- ти март на Техничко- металуршкиот факултет ќе се одржува Саемот на кариера.

Ова е можност за информатичарите да дојдат до шанса за вработување и практична работа.

На саемот ќе учествуваат 18 компании , а една од нив е и британската Ендава, која ќе вработи 500 кадри од ИТ секторот .

Министерот за образование,  Спиро Рристовски апелираше до средношколците да се насочан кон техничките науки. 

 

Викторија Тодоровска