Фудбал

Кристијано Роналдо најбогат меѓу богатите!

10.03.2014 15:45

Ако околу дилемата кој е најдобар може да се дискутира затоа што во прашање се вкусови, тогаш нема енигма кој е најбогат фудбалер во светот. Кристијано Роналдо е број еден според заработувачката во 2103-та, истражи популарниот фудбалски веб сајт, goal.com

Ако околу дилемата кој е најдобар може да се дискутира затоа што во прашање се вкусови, тогаш нема енигма кој е најбогат фудбалер во светот. Кристијано Роналдо е број еден според заработувачката во 2103-та, истражи популарниот фудбалски веб сајт, goal.com

Во анализата влегуваат парите од договорот со клубот, платата, премиите, разните бонуси, па се до приливот од спонзорите. На тој начин Португалецот собра 158 милиони евра и го наследи Дејвид Бекам кој години наназад беше најбогат фудбалер.

Втор што заработува над 100 милиони евра е Лионел Меси или 20 помалку од Кристијано Роналдо. Договорите потпишани со спонзорите уште додека беше играч на Анжи го одржуваат Самуел Ето на врвот на оваа листа иако во Челзи нема примања како во Махачкала. Камерунецот е трет со 85 милиони евра годишно.

Четврти е Вејн Руни со само милион помалку од Ето, но англискиот репрезентативец допрва ги очекува „големите“ пари затоа што ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед за 365 илјади фунти неделно.

По нив следуваат тројца Бразици, Неимар со 82, Кака со 80 и „стариот“ ама се уште добро платен Роналдињо со 78 милиони евра.

Иако е главна ѕвезда во супербогатиот Пари Сен Жермен, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ е само на осмата позиција со 69 милиони евра. Најбогат меѓу светските голмани, а девети на листата е Италијанецот Џанлуиџи Буфон со 73, додека десетката ја заокружува Французинот Тјери Анри кој на 36 - годишна возраст заработува 57 милиони евра за 12 месеци.