Ако имате грип не користете јавен превоз
10.03.2014 15:59
Додека симптомите не се повлечат лекарите советуваат - одмарање, избегнување на стресови и многу течности, избегнување блиски контакт со другите членови на семејството, проветрување на просториите...

Ако имате температура повисока од 38°C, треска, главоболка, изнемоштеност, мускулно-зглобни болки, сува кашлица, црвено и болно грло, гребење во грлото, солзење во очите, секреција од носот – тоа се симптоми на грип. Со ваква симптоматологија може да останете дома доколку заболувањето е во блага форма и оцените дека не ви е потребна медицинска помош. Кога болеста не се влошува во текот на првите три дена и кога симптомите спонтано се повлекуваат во рок од 7 дена. Но, не е секогаш така.
Лекар треба да посетите кога болеста се влошува, симптомите се потенцираат. Високата температура трае подолго од 72 часа или повторно расте после нејзинопретходно намалување, и е придружена со треска. Симптомите на болеста траат повеќе од седум дена. Имате тешкотии при дишењето, градна болка, појава на вознемиреност, поспаност, конфузност, забрзано отчукување на срцето и други симптоми кои укажуваат дека е нарушена функцијата и на други органи. Исто така на лекар мора да одат и оние кои припаѓаат на некоја од ризичните групи население а имаат симптоми на грип.
Додека симптомите не се повлечат лекарите советуваат -одмарање, избегнување на стресови и многу течности, избегнување блиски контакт со другите членови на семејството, проветрување на просториите, покривање на устата и носот при кашлање и кивање, со рака и марамче или пак маска, редовно миење на рацете со сапун и вода. Кога болниот има потреба од посета на лекар, епидемиолозите со совет да не користи јавен транспорт како и користење на заштитна маска.
