Со ребалансот Буџетот вкупните расходи се 3,95 милијарди евра, а дефицитот 6,8 отсто од БДП
Приходите со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.
Вкупните расходи, со ребалансот на Буџетот за 2020, што го донесе Владта вчера на седница, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии денеска на прес-конференција.
Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.
Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската комисија.
Ребалансот е за опоравување и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, целта е реално да се прикажат очекувањата како резултат на здравствениот и економски шок предизвикан од КОВИД, рече министерката.
