Социјално претпримеништво- надеж за невработените

10.03.2014 16:20

Социјалното претпримеништво, освен што дава помош за самовработување, овозможува и да се отворатфирми за вработување луѓе од маргинализраните групи...

Дрвото и стаклото во вештите раце на Горјан Цветковски добиваат форма. Хобито и уметноста станале извор за егзистенција. Средното уметничко му помогнало лесно да се вклопи во изработката на македонски национални ракотворби. Потоа асортиманот на рачно изработени сувенири се проширил.

„Грантот од Агенцијата за вработување ми помогна многу за набавка на некои машини, репроматеријали, изработка на каталози, ми помогна за унапредување на бизнисот“, вели Горјан Цветковски, производител домашни ракотворби.

Социјалното претпримеништво, освен што дава помош за самовработување, овозможува и да се отворатфирми за вработување луѓе од маргинализраните групи. Принципот на работата на компаниите би бил како на заштитните претпријатија, каде што се ангажираат лица со посебни потреби.

„Посебен приорите имаат ранливите категории граѓани, примателите на социјална помош, младите невработени, долгорочно невработени, жртви на семејно насилство“,  изјави Диме Спасов, министер затруд исоцијлна политика.

„Наместо некој да зема процент од државниот буџет, како социјални додатоци, со вработувањето на тие, најчесто маргинализрани групи во буџетот би останувале пари за развојни цели“, вели Зоран Стојиковски од „ЦИРА“.

Во земјите од Европската унија, од седум до десет проценти од вработените се ангажирани во социјалните претпријатија. Во Велика Британија пак,има над 70.000 социјални претпријатија.

 

Наташа Јанчиќ