Стругар одново светски шампион, Македонците со две злата

10.03.2014 16:42

Иван Стругар триумфира во главниот меч на кик бокс спектаклот „Сплендид Гранд при“  во Будва. Црногорскиот суперстар го победи Русинот Кирил Иванов и ја освои светската професионална титула во лоу кик во категорија до 88,6 килограми. Сите тројца судии во бодувањето му дадоа предност на легендарниот Стругар, кој е еден од најуспешните во историјата на овој спорт, со осум светски титули во 5 различни категории на профи рингот. По завршување на мечот, тој изјави дека ова му беше веројатно последната борба во богатата кариера, која трае веќе 22 години.

Претходно во воведните борби, во конкуренција на натпреварувачи од три земји, македонските кик боксери освоија две златни и еден сребрен медал. Во дисциплината лоу кик во категорија –75 килограми, Далибор Огнанов прикажа атрактивна борба во која го совлада Марко Николиќ, и по доминацијата во трите рунди заслужено победи, со одлука на судиите од 3:0. Идентична победа оствари и Кристина Стојчевска до –55 килограми, која со едногласна одлука на судиите ја совлада домашната претставничка Анастазија Петровиќ. Жестока борба беше прикажа и Ненад Манојловски до –67 килограми против Ремзија Дачиќ, но во втората рунда мечот беше прекинат и заврши со победа на домашниот репрезентативец. Нашите кик боксери на рингот ги водеше тренерот Драган Атанасовски, а делегацијата беше предводена од Александра Неделковска, претседател на Кик боксинг федерацијата на Македонија, која постхумно ја прими наградата ‘Златен кик боксер’ во име на нејзиниот сопруг Љупчо Неделковски, поранешниот претседател на КБФМ.