Југохром ќе бара пролонгирање на рокот за еколошките стандарди

10.03.2014 17:01

Рокот за компаниите да ги воведат еколошките стандарди што ги наложи Министерството за екологија истекува на 1-ви април. Но Југохром од Јегуновце ќе бара пролонгирање бидејќи им биле потребни уште близу две години за реализација на најкомплицираните процеси.

Комбинатот Југохром Фероалојс од Јегуновце ќе бара пролонгирање на рокот за воведување на еколошките стандарди.

Од компанијата велат дека поголемиот дел оперативниот план е реализиран. Останале уште 5 активности меѓу кои и најкомплицираната - отпрашувањето.

За овој процес бил потпишан договор со една швајцарска компанија и е потребен подолг период за реализација во неколку фази.  

„Ако појдеме со првата фаза, тоа се двете најголеми печки, кои се речиси 60% од Југохром, тогаш ќе се направат и помалите. За тоа ќе ни требаат близу две години“, вели Бранислав Ѓуровиќ – Генерален директор на „Југохром Фероалојс“.

Барањето за пролонгирање министерството ќе го проследи до Владата која ќе одлучи дали ќе го прифати. Најдолго може да се чека уште пет години, но министерот Адеми рече дека периодот би бил пократок.

„Кога зборуваме за пролонгирање на оперативниот план не зборуваме за пролонгирање на целата А – интегрирана дозвола и на сите делови од оперативниот план. Затоа што ако за Југохром оперативниот план има 29 делови, можно е Владата да одлучи рокот да го пролонгира само за еден дел и тоа на краток рок“, изјави Абдулаќим Адеми – Министер за животна средина и просторно планирање.

Рокот за воведување на еколошките стандарди и добивањето А – интегрирана дозвола е до 1-ви април годинава.

Од ресорното министерство ги охрабрија компаниите да продолжат со овој процес, со кој се заштитува здравјето на граѓаните и се исполнуваат европските стандарди.

Во Југохром сега има 1200 вработени. Низ децениите останува да важи за главен извор на егзистенција за голем број семејства од регионов, но и за една од најголемите опасности за нивното здравје.

Зоран Јованоски 

Снимател: Даниел Евросимоски