Русија ја зацврстува позицијата на Крим

10.03.2014 17:37

Самопрогласениот премиер на Крим, Аксионов соопшти дека почнале подготовките за спојување со Русија и Крим...

Руските сили го зацврстија своето присуство на Крим - презедоа воена болница и база на украинската војска.

САД порачаа дека ќе поддржат поголема автономија за полуостровот, само ако не е под закана со оружје, порача американскиот амбасадор во Киев.

Самопрогласениот премиер на Крим, Аксионов соопшти дека почнале подготовките за спојување со Русија и Крим ќе биде подготвен да го применува рускиот закон неколку месеци по референдумот, а министерството за финансии веќе прави планови за преминување на руската рубља.

За службен јазик денес е прогласен рускиот, а ќе се издаваат и руски пасоши, но не под принуда, велат властите.