Изчезнувањето на Малезскиот боинг 777 – мистерија без преседан
Се уште е неизвесна судбината на патниците и на членовите на екипажот на малезискиот боинг 777 којшто изчезна од радарите за време на летот од Пекинг кон Куала Лумпур. Малезискиот шеф на цивилното воздухопловство, Азарудин Абдул Рахман потврди дека се проширува областа која што се пребарува. Десетици бродови, авиони и хеликоптери од неколку земји меѓу кои Кина, САД, Виетнам, Малезија, Филипините и Сингапур учествуваат во потрагата по исчезнатиот авион.

„Нашиот експертски тим ги прегледува снимките од регистрацијата на патниците па се до полетувањето, и можам да потврдам дека биле испочитувани сите безбедносни протоколи. Но, од друга страна тука е и моментот со украдените пасоши. Од снимките се гледа дека патниците коишто ги носеле украдените пасоши не се азијци.
Седум лица се поврзуваат со оваа како што ја нарекуваат, мистерија без преседан. Двјацата со украдените пасоши, и уште петмина коишто пријавиле багаж, но никогаш не се качиле во леталото. Испитувањата покажаа дека претходно пронајдените траги од нафта во морето на околу 180 километри од малезискиот брег, не се од исчезнатиот боинг, туку од брод.
Иако им е кажано да се подготват и за најлошото, роднините на патниците коишто се наоѓале во авионот не губат надеж за позитивни вести. Ги обвинуваат авиокомпанијата и властите дека не прават ништо за да им помогнат.
„Не видов никој овде да стори нешто за нас. Мислам дека кинеската влада треба да испрати некого за да помогне, бидејќи ова е една од најголемите несреќи во историјата на кинеската авијација“.
„Ако владата не е сигурна, не сме ниту ние. Во овој момент се се сведува на претпоставки. Не знаеме дали има преживеани ниту пак дали воопшто авионот паднал во океанот“.
Се уште не е исклучена можноста авионот да бил киднапиран, со оглед на тоа дека тој едноставно исчезнал од радарот. Други шпекулации велат дека е можно леталото да се распаднало на височина од околу 10 000 метри.