Пријавувањето за субвенции за млеко е во тек

11.03.2014 08:46

Тече пријавувањето за субвенции за произведеното и предадено млеко. За лани преденото млеко од октомври до декември ќе добиваат по 3,5 денари за литар...

До 30-ти април млекопроизводителите треба да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во последните 4 месеци оид 2013-та.

Поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти,за млеко кое е произведено на фарма со надморска височина повеќе  од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. 

Како доказ за продадено млеко треба да се доставуваат и откупните белешки издадени од преработувачки капацитети одобрени за производство на храна од животинско потекло.

 

Методија Трајков