Италијанско- македонски бизнис форум

11.03.2014 09:05

На форумот ќе присуствуваат претставници од 30 италијански и 40 македонски компании од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика...

Италијанскиот институт за надворешна трговија денеска организира бизнис форум на кој ќе бидат презентирани главните проекти во инфраструктурата и енергетиката чија реализација е предвидена во следните три до пет години.

На форумот ќе присуствуваат претставници од 30 италијански и 40 македонски компании од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика.

Почесен гостин ќе биде амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимо Белели, а ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.