Корисни совети против малигните заболувања

11.03.2014 09:18

Ѓумбирот е многу ефикасен лек против мачнината предизвикана од хемотерапијата. Ѓумбирот клинички е испитан и се користи, исто така, и против воспаление, грчеви, за намалувње на болките при мускулни и коскени пролеми, за подобрување на циркулацијата и како природен „лек“ против мигрена...

Емоционалниот стрес предизвикува физички и психолошки реакции и го ослабува нашиот имунолошки систем. Треба да се тежи кон развивање на реални очекувања за болеста и кон донесување на квалитетни одлуки за лекувањето. Не треба да сме под притисок дека мора да бидеме слепо позитивни, затоа што тоа ја зголемува фрустрацијата.

Чувството на оптимизам не треба да ги исклучи тагата, лутината, болката. Овие чувства ќе се појават, сепак потребно е да се препознаат и прифатат. Но, не треба да се потценува важноста на оптимизмот во однос на квалитетот на животот. Една од најчестите несакани ефекти од современото и специфичното онколошко лекување се мачнината, гадењето, намалениот апетит, но тие често може да бидат и од емоционална, односно психолошка природа.

Во овој случај се препорачува да се јаде полека, да се консумираат најмалку пет мали оброци на ден, а за рехидрација на организмот треба да се пие повеќе вода или незасладени билни и овошни чаеви. Најдобро време за оброк е времето кога имаме наголем аптетит, а тоа најчесто е наутро. Пожелно е да се избере мека, пасирана, незачинета храна.За време на хемотерапијата и кратко време по нејзиното аплицирање, посебно ако постои и чувство на мачнина и гадење, може да се јави намален апетит. 

Може да се јават и промени во вкусот на храната (да има метален вкус, или премногу солен или горчлив). Но, нормалниот вкус на храната повторно се враќа по некое време по престанокот на хемотерапијата.Отежнатото земање на храна може да биде и поради присутни мали ранички во усната слузница. Раничките се болни, а при земањето на храна болката се интензивира.

Лицата кои се на хемотерапија треба да јадат храна која ја сакаат. Не треба да се тераат да јадат големи и обилни оброци. Треба да се внесува високо калорична храна во помали дневни порции, а почесто во текот на денот. Помага и пиењето на сокови и други витамински препарати.Билката Гравиола го подобрува имунитетот и го јакне организмот, што значително помага во природната борба со малигните болести. Го менува метаболизмот на малигните клетки, што значително го успорува формирањето на нови малигни клетки и развојот на болеста. Гравиолата благотворно делува врз симптомите на болеста и на последиците од интензивната терапија.

Ѓумбирот е многу ефикасен лек против мачнината предизвикана од хемотерапијата. Ѓумбирот клинички е испитан и се користи, исто така, и против воспаление, грчеви, за намалувње на болките при мускулни и коскени пролеми, за подобрување на циркулацијата и како природен „лек“ против мигрена.

Чајот од листовите на капината и малината помага во случаевите на дијареа (пролив), па се користи како природен лек против дијареа, се додека траат симптомите.Артичокот во народната медицина се користел како афродизијак, но и за други состојби, како анемија, артритис, жолчни камења, јадеж и каснување од змија.

Во поново време, артичокот се употребува како лек за синдром на иритабилни црева, холестерол и мамурлак, како и за проблеми со варењето на храната и губиток на апетит. Се смета дека артичокот го подобрува излачувањето на жолчката.Листовите од артичок се исклучително корисни по престанокот на терапијата, за чистење и регенерација на црниот дроб по престаноток на онколошката терапија.

Цветот од црниот слез се користи како заштита од зрачењето (радиотерапија), што е исклучително битно за пациентите со малигни заболувања. Се корсти во вид на облоги, кои се ставаат на местото кое се здрачи, еднаш до два пати дневно. Може да се користи заедно и со масло од невен или кантарион. Но, маслата се ставаат после зрачењето, бидејќи за време на зрачењето кожата треба да биде чиста и немасна.

Пасифлората е билка која помага во намалувањето на стресот и ја ублажува несоницата, па затоа често се користи како природен лек при вознемиреност, нервоза и анксиозност. Лековит е зелениот надземјениот дел од билката, вклучувајќи ги и цветовите и листовите на билката.