Ана Дурловски во „Лучија од Ламермур“ вечерва на сцената на МОБ
11.03.2014 09:24
Улогата на „Лучија“ се смета за врв во т.н. колоратурно пеење...

Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена една од водечките белканто опери „Лучија од Ламермур“. Диригент е Норман Виџаја од Индонезија, а насловната улога и е доверена Ана Дурловски.
Ана Дурловски, добитничка на европски „Оскар“ од германското јазично подрачје за врвна оперска интерпретација за 2012 година, во октомври годинава ќе настапи на една од престижните оперски сцени во светот, познатата „Метрополитен“ опера во Њујорк.
Во „Лучија од Ламермур“ ќе настапат и Борис Трајанов, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Марика Поповиќ, како и Зоран Даскаловски.
