Продолжен рокот за пријавување субвенции

01.06.2020 10:37

До 30-ти јуни земјоделците ќе треба да ги поднесуваат бањата за субвенции. Овој рок, кој беше предвиден да трае до 31-ви мај е одложен за еден месец. На сметките на земјоделците за 2020-та година треба да се најдат скоро 70 милиони евра, без тутунот кој годинава ќе се исплатува од посебна програма. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвиден за сточарите.

Со 24 милиони евра годинава ќе се субвенционира сточарското производство, а растителното со 16,2 милиони евра.

Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии и осигурување, за заштита на земјоделското земјиште, за млади земјоделци и жени носители на земјоделски стопанства.

Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, како и субвенцијата за зелената нафта во висина од 50 проценти за трошоците за гориво.

За заостанатите обврски поради специфичноста на производството и неисплатените субвенции кон земјоделците од 2012 до 2019 година се предвидени скоро 20 милиони евра.

Со 10 милиони денари ќе се поддржуваат и одредени категории носители на земјоделско стопанство. Дополнителни 10 за млад земјоделец и 20 процентина за регистриран индивидуален земјоделец.

Зголемена субвенција им следува и на малите земјоделски стопанства и на сточарските фарми. 

Методија Трајков