Нереди, грабежи, насилства на протестите за Флојд

01.06.2020 10:01

пецијалците беа принудени да употребат солзавец на повеќето собири, вклучувајќи ги и оние во Њујорк, Чикаго, Филаделфија и Лос Анџелес каде што се палеа полициски возила и ограбуваа продавници. Материјална штета е предизвикана и во близина на Белата куќа...

Шести ден по ред, насилство и немири од источниот до западниот брег на САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше задушен со колено од страна на полициски офицер за време на приведувањето во Минеаполис. Демонстрантите не го испочитуваа полицискиот час кој е воведен во речиси 40 градови.

Специјалците беа принудени да употребат солзавец на повеќето собири, вклучувајќи ги и оние во Њујорк, Чикаго, Филаделфија и Лос Анџелес каде што се палеа полициски возила и ограбуваа продавници. Материјална штета е предизвикана и во близина на Белата куќа. Во нередите се уапсени најмалку 6 лица, а во пресметката меѓу полицијата и демонстрантите има и жртви. Мобилизирана е и Националната гарда. Во Минеаполис е приведен возачот на камионот кој се движел со голема брзина на мостот каде што се одржувал маршот.

„Би сакала секој да го сфати ова. Би сакала секој од нас да го вреднува животот на афроамериканците како својот, и така да е секој ден и секаде, секогаш кога некој ќе биде застанат од страна на полицијата.“

„Покрај организирањето на ова движење, сакам да почнам петиција со која ќе ги обединам и црните, и белите, и кафеавите“- велат демонстрантите.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој беше евакуиран еден час во подземен бункер, ги обвини анархистите и медиумите за поттикнување насилство  и се закани дека ќе ја прогласи Антифа за терористичка организација. Слични масовни демонстранции се случија пред 3 децении во Лос Анџелес по ослободителната пресуда за полицајците кои го претепаа до смрт афроамериканецот Родни Кинг. Во петдневните нереди во 1992 година загинаа над 60 луѓе.