КОВИД 19

Москва ги намалува рестрикциите

01.06.2020 10:54

Во Италија опаѓа бројот на заболени и починати...

И покрај зголемениот број  заболени лица, Русија ги намалува рестрикциите во главниот град воведени поради пандемијата со ковид-19. За прв пат по девет недели, жителите на Москва можат да излезат од домовите.

Слободното движење им е дозволено три дена во седмицата кои се назначени според адресата на местото на живеење. Во Италија која е едно од европските жаришта продолжува трендот на опаѓање на бројот на заразени и смртни случаи.

Покрај САД и Велика Британија, на листата земји со најмногу починати од новиот коронавирус е и Бразил кој ја надмина Шпанија во оваа категорија.