Седумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи
Еврејската заедница во Република Македонија го одбележува 11-ти март, комеморативен ден на холокаустот на македонските Евреи. Во заедницата информираат дека минаа 71 година од депортацијата на 7.144 македонски евреи во концентрациониот логор Треблинка, од каде ниту еден не се врати.
Во треблинка беа убиени 98 насто од вкупното еврејско население во Македонија во 1943 година, еден од најголемите проценти во светот, велат во заедницата.

По тој повод, еврејската заедница во Република Македонија одржува низа комеморативни активности во Скопје, Битола и Штип во спомен на загинатите македонски Евреи.
Комеморација ќе се одржи и во собранието на град Скопје кадешто ќе присуствува и градоначалникот Коце Трајановски.
Вчера холокаустот беше одбележан во Штип и во Битола.