САД

Трамп се закани со војска на улиците

02.06.2020 10:49

Трамп истакна дека доколку државите и градовите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани дека ќе ја мобилизира војската и дека брзо ќе го реши проблемот за нив.

Американскиот претседател се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири што избувнаа поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд. Трамп истакна дека доколку државите и градовите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани дека ќе ја мобилизира војската и дека брзо ќе го реши проблемот за нив.

„Драги мои сограѓани, Американци, моја прва и највисока должност како претседател е да ја бранам нашата голема земја и американскиот народ. Положив заклетва за да ги поддржувам законите на нашата нација и тоа е токму она што ќе го направам. Сите американци со право беа револтиранисо бруталната смрт на Џорџ Флојд. Се заколнав дека ќе ја бранам Америка и ќе го направам тоа. Правдата за Флојд ќе стигне, но не можеме да дозволиме на насилните демонстранти да ги загрозат нашите мирољубиви граѓани“, изјави претседателот Трамп.

Трамп изјави дека храбрите медицински сестри кои се борат против коронавирусот се плашат да излезат од дома, најавувајќи дека полицискиот час ќе биде строго почитуван.

За време на протестите биле застрелани четворица полицајци во Сент Луис, а двајца биле повредени во Бафало. Илјадници луѓе маршираа по улиците на Њујорк, а според градоначалникот Бил Де Бласио на Менхетн и во Бронкс „имало сериозни проблеми“.  Националната гарда досега распореди 16.000 свои припадници.