Кина

Вухан по два месеца без асимптоматски случаи

02.06.2020 12:06

Заразените луѓе што немаат симптоми, а може да го шират вирусот, ги отежнуваат сите напори на државите да ја намалат епидемијата...

Властите во Вухан објавиле дека не откриле нови асимптоматски случаи на коронавирусот првпат во речиси два месеца. Градот се обидува да го тестира целото население од 11 милиони луѓе.

Заразените луѓе што немаат симптоми, а може да го шират вирусот, ги отежнуваат сите напори на државите да ја намалат епидемијата. Со откривањето на асимптоматските случаи Вухан може да го избрише патогенот од своето население.

Сепак, овој метод не може да се примени лесно во другите земји бидејќи се потребни ресурси и целосна соработка со граѓаните.