Русија: На 1-ви јули референдум за уставни измени

02.06.2020 12:47

Референдумот претходно беше закажан за 22-ри април, но Путин го одложи поради пандемијата.

Рускиот претседател Владимир Путин најави референдум за измени во Уставот на Руската Федерација на 1-ви јули, и покрај големиот број заразени со коронавирус. Според него, стапката на инфекција во Русија се намалила и постојат услови за безбеден референдум.

Референдумот претходно беше закажан за 22-ри април, но Путин го одложи поради пандемијата.

Реформата на Уставот ќе ги промени овластувањата на Владата, ќе ја зајакне моќта на претседателот и ќе ја потенцира надмоќноста на руските закони над меѓународните регулативи.