И сателитите не можат да му најдат трага на малезискиот Боинг

11.03.2014 10:44

Малезиските власти се сомневаат дека причината за исчезнувањето е механичка или грешка на пилотот...

До сега безуспешната потрага по малезискиот Боинг се проширува во четвртиот ден со сателити, но ни тие не забележале никаква експлозија.

Разузнавачките агенции во САД и Европа ја исклучуваат можноста да бил киднапиран или детониран, иако најмалку две лица се качиле со украдени пасоши.

Малезиските власти се сомневаат дека причината за исчезнувањето е механичка или грешка на пилотот.

Авионот исчезна од радарите околу еден час по полетувањето, со 239 патници и членови на екипажот.