ОМД: Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи

11.03.2014 09:45

Обединетата македонска дијаспора(ОМД) ја повикува бугарската влада да признае јавно дека како директен резултат на соработката на бугарската фашистичка власт со нацистичка Германија, 7.144 македонски Евреи беа депортирани во нацистичките концентрациони логори во Треблинка во окупирана Полска.

„Бугарија, како воен сојузник на нацистичка Германија, ја окупираше Македонија во 1941. Таа поднесе декрет со кој побара македонските Евреи да ја прекинат трговијата и да ја пренесат сопственоста на своите средства на Бугарија. На Евреите им беше забранет пристапот до одредени делови од градовите и беа принудени да се собираат во гета", се вели во соопштението од ОМД.

ОМД го повторува својот повик до бугарската влада да ја препознае историската улога на земјата во помагањето и поттикнувањето на холокаустот.