Вељаноски ќе ја прими делегацијата на Ад-хок комисијата за набљудување од ПС на СЕ

11.03.2014 11:06

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски  ќе ја прими делегацијата на Ад-хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Македонија, на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Вељаноски, согласно уставните и законските надлежности, неодамна го потпиша Решението за распишување и на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Истите ќе се одржат на 27-ми април годинава, заедно со вториот круг од изборот на претседател на Република Македонија, доколку претседател не биде изберен во првиот круг на 13-ти април.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите