Пресуда во корист на здравствените работници во Шпанија
Во последните три месеци биле заразени над 50 илјади здравствени работници, а починале 60 лекари и медицински сестри.

Судот во покраината Арагон, источна Шпанија, донесе пресуда во корист на здравствените работници кои ја обвинија регионалната влада за необезбедување на заштитен материјал во пандемијата со ковид-19. Ова е прв ваков случај во земјата којашто е едно од европските жаришта.
Во последните три месеци биле заразени над 50 илјади здравствени работници, а починале 60 лекари и медицински сестри.
Во Ирска, тим научници создаде дрон кој со ултравиолетови зраци ќе стерилизира јавни површини. Ќе се активира ноќе кога ќе бидат празни однапред програмираните патеки на движење.
Во Британија, носењето маска во јавниот превоз е задолжително до 15 јуни. Од почетокот на пандемијата во Кина лани, на глобално ниво се заразија над 6,6 милиони лица, а починале околу 390 илјади.
