Европа ги отвора границите
Почнуваат да се отвораат европските граници. Патувањето меѓу Чешката република, Австрија и Унгарија е целосно нормализирано. Германската влада објави нов пакет помош за стопанството вреден 130 милијарди евра...

Почнуваат да се отвораат европските граници, и покрај проблемите со коронавирусот. Од денеска напладне , патувањето меѓу Чешката Република, Австрија и Унгарија е целосно нормализирано. По консултациите со засегнатите земји, чешката влада донела одлука утрово на вонредна седница . Преговорите со Германија продолжуваат, од пладне Чесите можат да се вратат од Германија без обврска да се тестираат за коронавирус.
„Сакавме што поскоро да ги отвориме границите со Германија и Австрија,.Со Унгарија немаме граница, но главна работа е што на нашите граѓани, од денеска напладне откако ќе ги посетат овие земји и ќе се вратат дома, не им треба никаков тест за коронавирус или карантин, а тоа е во основа на системот на „семафор “ што го објавивме , кој ќе важи од 15 јуни“, изјави Андреј Бабич-премиер на Чешката република.
Чешка и Словачка веќе се договорја за отворање на границата, Австрија, исто така, ги укина граничните контроли од четврток, со исклучок на премините кон Италија, додека кон Германија остануваат да важат постојните ограничувања.
Светска банка ја дополни анализата за влијанието од КОВИД-19 врз економијата на земјите од Западен Балкан.
,,Трговската структура на секоја земја од Западен Балкан ќе биде погодена од комбинација на шок од страна на понудата, во голема мерка преку глобалните синџири на вредности и шок од страна на побарувачката заради рецесија кај најголемите трговски партнери. Сето ова ќе се одрази преку ефектот на забавување на трговијата. Босна и Херцеговина , Северна Македонија и Србија се повеќе глобално интегрирани и главно ќе бидат засегнати преку намалување на извозот на стоки. Додека Албанија, Косово и Црна Гора ќе забележат влошување на дефицитот во тековната сметка , најмногу затоа што зависат најмногу од извозот на услуги поврзани со туризмот. “
Германската влада објави нов пакет помош за стопанството вреден 130 милијарди евра.Најважен дел од пакетот е намалувањето на стапката на ДДВ од 19 на 16%.Истовремено потрошувачите добиваат поевтина цена на електричната енергија,а за секое дете Владата во Берлин ќе исплати помош од 300 евра.
Истовремено ММФ објави дека заедно со ЕУ подготвува пакет за итна помош на 40-тина земји од Африка вреден 10 милијарди долари со кои ќе се поддржат нивните економии погодени од ковид 19.
„Натамошниот фискален стимул може да се распореди за потребната поддршка на сиромашните. Со оглед на нагло забавување на домашната и глобалната активност, може да има простор за дополнително монетарно олеснување, како и за поддршка на растот и за финансиска стабилност“, изјави Гери Рајс-портпаол на ММФ.
Според портпаролот Гери Рајс оваа помош е десет пати поголема од она што годишного а добива континентот во нормални услови .
Европа ги отвора границите
Почнуваат да се отвораат европските граници. Патувањето меѓу Чешката република, Австрија и Унгарија е целосно нормализирано. Германската влада објави нов пакет помош за стопанството вреден 130 милијарди евра...
Почнуваат да се отвораат европските граници, и покрај проблемите со коронавирусот. Од денеска напладне , патувањето меѓу Чешката Република, Австрија и Унгарија е целосно нормализирано. По консултациите со засегнатите земји, чешката влада донела одлука утрово на вонредна седница . Преговорите со Германија продолжуваат, од пладне Чесите можат да се вратат од Германија без обврска да се тестираат за коронавирус.
„Сакавме што поскоро да ги отвориме границите со Германија и Австрија,.Со Унгарија немаме граница, но главна работа е што на нашите граѓани, од денеска напладне откако ќе ги посетат овие земји и ќе се вратат дома, не им треба никаков тест за коронавирус или карантин, а тоа е во основа на системот на „семафор “ што го објавивме , кој ќе важи од 15 јуни“, изјави Андреј Бабич-премиер на Чешката република.
Чешка и Словачка веќе се договорја за отворање на границата, Австрија, исто така, ги укина граничните контроли од четврток, со исклучок на премините кон Италија, додека кон Германија остануваат да важат постојните ограничувања.
Светска банка ја дополни анализата за влијанието од КОВИД-19 врз економијата на земјите од Западен Балкан.
„Трговската структура на секоја земја од Западен Балкан ќе биде погодена од комбинација на шок од страна на понудата, во голема мерка преку глобалните синџири на вредности и шок од страна на побарувачката заради рецесија кај најголемите трговски партнери. Сето ова ќе се одрази преку ефектот на забавување на трговијата. Босна и Херцеговина , Северна Македонија и Србија се повеќе глобално интегрирани и главно ќе бидат засегнати преку намалување на извозот на стоки. Додека Албанија, Косово и Црна Гора ќе забележат влошување на дефицитот во тековната сметка , најмногу затоа што зависат најмногу од извозот на услуги поврзани со туризмот. “
Германската влада објави нов пакет помош за стопанството вреден 130 милијарди евра.Најважен дел од пакетот е намалувањето на стапката на ДДВ од 19 на 16%.Истовремено потрошувачите добиваат поевтина цена на електричната енергија,а за секое дете Владата во Берлин ќе исплати помош од 300 евра.
Истовремено ММФ објави дека заедно со ЕУ подготвува пакет за итна помош на 40-тина земји од Африка вреден 10 милијарди долари со кои ќе се поддржат нивните економии погодени од ковид 19.
„Натамошниот фискален стимул може да се распореди за потребната поддршка на сиромашните. Со оглед на нагло забавување на домашната и глобалната активност, може да има простор за дополнително монетарно олеснување, како и за поддршка на растот и за финансиска стабилност“, изјави Гери Рајс-портпаол на ММФ.
Според портпаролот Гери Рајс оваа помош е десет пати поголема од она што годишного а добива континентот во нормални услови .
Свето Николовски
