Санадер виновен – девет години затвор!
11.03.2014 11:17
Освен затворот, Санадер ќе мора да ги врати и парите за кои се смета дека ги повлекол од државни фирми и институции...

Хрватскиот суд му изрече деветгодишна затворска казна на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер. Тој и останатите обвинети за случајот „Фими Медија“ се прогласени за виновни по обвиненијата за извлекување пари од државни претпријатија и полнење на касата на својата партија.
Освен затворот, Санадер ќе мора да ги врати и парите за кои се смета дека ги повлекол од државни фирми и институции.
Заедно со Санадер се осудени уште четворица негови блиски соработници, агенцијата „Фими Медија“, како и политичката партија ХДЗ.
ХДЗ исто така ќе мора да ги врати парите коиу завршиле на сметката на оваа партија.
