Македонците годишно јадат 22.000 тони чоколадо
11.03.2014 11:25
Половина е од домашно производство, а половина од увоз...

Македонците се љубители на чоколадо- според податоците на Стопанската комора, годишно јадеме околу 22 илјади тони чоколадо, бонбони и други слатки производи.
Половина од ова е домашно производство, а половина од увоз.
Лани во споредба со 2012-та зголемен е извозот, а се намалува увозот, што значи дека домашните компании постепено ги истиснуваат странскитепроизводители.
Според финансиските извештаи, во Македонија најголеми компании во кондиторската индустрија се „Европа“ од скопје и „Витаминка“ од Прилеп.
