Поскапуваат горивата

08.06.2020 13:31

Еуросупер БС-95 и Еуродизелот се зголемуваат за еден денар. 95-ката од полноќ ќе се продава за 58 денари, додека малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 50 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно со методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,23 насто.

Еуросупер БС-95 и Еуродизелот се зголемуваат за еден денар. 95-ката од полноќ ќе се продава за 58 денари, додека малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 50 денари.

Еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за денар и половина. 98-цата е 60,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 39 денари за литар.