Антиќ и Атланта ја прекинаа низата порази
11.03.2014 11:27
Хокс славеа на гости кај Џез (112:110), а со 12 поени, 3 скока, 3 асистенции и 1 блокада, нашиот интернационалец се враќа во натпреварувачки ритам. Во 23 минути поминати на паркетот во улога на стартер, Перо Антиќ беше еден од најзабележителните во составот на Атланта.

Кајл Корвер со 26 поени (7/7 за три) беше најдобар стрелец на гостите, а Пол Милсап во првиот меч против поранешниот тим додаде 23. Двајцата екс Џезери беа клучот за победата на Хокс, прва на гости по 10 порази и прва победа по серија од вкупно 6 загубени натпревари. Патем, Атланта постави и нов рекорд на франшизата со 28 последователни натпревари во кои што постигнува најмалку по 10 тројки.
Резултатот беше скршен при водство на домаќините од 96:93, кога гостинската екипа врза серија од 8:0, со поените на Корвер и на Керол. Во фаул завршницата, помирна рака имаше тимот на Антиќ.
На другите средби:
Шарлот – Денвер 105:98
Бруклин – Торонто 101:97
Мајами – Вашингтон 99:90
Њујорк – Филаделфија 123:110
Милвоки – Орландо 105:98
Клиперс – Феникс 112:105