Преполовен бројот на мигранти кон Европа
08.06.2020 15:27
Од март до мај минатата година во Егејско, Средоземно и Црно Море биле фатени вкупно 7.173 мигранти и бегалци кои се обиделе од Турција да влезат во Европа...

Бројот на мигранти и бегалци кои биле фатени во обид, преку море да преминат од Турција во Европа за време на пандемијата на коронавирусот, е речиси преполовен.
Од март до мај минатата година во Егејско, Средоземно и Црно Море биле фатени вкупно 7.173 мигранти и бегалци кои се обиделе од Турција да влезат во Европа.
Во истиот период годинава во операции на крајбрежната стража биле фатени 3.742 мигранти и бегалци. Од нив 2.907 биле приведени во операции во март.
