Светска банка: Најголем глобален пад во економијата од Втората Светска војна
Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање.

Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени за нејзино сузбивање, ќе доведат во 2020 година до најголем пад на светската економија, односно глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти, што би било најдлабока рецесија од Втората Светска војна наваму, нагласува Светска банка во најновиот извештај.
Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање.
Во Европа се очекува економски пад од 7 отсто додека во сад 6,1 отсто пред да се појават знаци за обнова во 2021 година. Во 90 отсто од 183 економии во светот се очекува пад на БДП за годинава, предупредува Светската банка.
Поради сериозно нарушување на домашната понуда и побарувачка, економијата и финансиите, економската активност на напредните земји се очекува да се намали за седум проценти во 2020 година.
Кај новите пазари и земјите во развој се очекува пад од 2,5 проценти оваа година, што е најголемо во изминатите 60 години.
Светска банка предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година.
