Седум милиони заболени и над 400 илјади починати во светот од Ковид-19

09.06.2020 10:28

Според Светската здравствена организација најмногу инфицирани има во САД , 1,9 милиони и во Бразил 673 илјади позитивни на новиот коронавирус.

Скоро 7 милиони заболени и над 400 илјади починати во светот од Ковид- 19. Според Светската здравствена организација најмногу инфицирани има во САД , 1,9 милиони и во Бразил 673 илјади позитивни на новиот коронавирус.

Во Русија засега има над 476 илјади заболени од Ковид- 19, а во Велика Британија 286 илјади.

Забрзано расте бројот на инфицирани и во Индија, позитивни се 256 илјади граѓани, додека во Шпанија инфицирани се над 241 илјада тестирани лица.