Силно невреме синоќа во Белград
09.06.2020 12:37
Во некои делови од градот автомобилите целосно биле под вода, а поради невремето во застој беа и трамвајот и тролејбускиот сообраќај, а отежнато се одвивал и автобускиот превоз.

Невреме проследено со грмежи синоќа во два наврата го погоди главниот град на Република Србија Белград. Улиците биле целосно поплавени поради силното невреме проследено со изобилни врнежи и грмежи.
Во некои делови од градот автомобилите целосно биле под вода, а поради невремето во застој беа и трамвајот и тролејбускиот сообраќај, а отежнато се одвивал и автобускиот превоз.
Од невремето најмногу погоден бил стариот дел на градот, но биле зафатени и делови од Нов Белград.
