Крим подготвен за референдум
Подготовките за прием на Крим во Руската Федерација веќе почнаа, соопштил Сергеј Аксонов, премиер на оваа автономна република.
Доколку жителите на Крим се изјаснат за присоединување кон Русија, нивниот влез во составот на Руската Федерација ќе се случи за само неколку месеци, порачал Аксонов во интервју за „РИА Новости”.

Тој истакнал дека во случај Крим да влезе во состав на Руската Федерација на кримските Татари ќе им понуди места во органите на власта, конкретно функциите вицепремиер, две министерски места и најмалку едно заменик министер во идната влада. Аксонов ветил дека за враќањето на протераните Татари и нивно сместување ќе бидат издвоени 22 милиони долари.
„Им гарантираме дека нема да има никаква дискриминација врз база на национална основа”, порачал премиерот на Крим, додавајќи дека ќе се залага за воведување рамноправно користење на руско – татарскиот јазик.
Според неговата изјава во моментов владата во Крим подготвува антикризни мерки доколку власта во Киев ја запре дистрибуцијата на вода, струја и греење. Доколку тоа се случи, премиерот ветил помош која ќе пристигне од „колегите од Русија” но не прецизирал за каква помош станува збор.
Аксенов најавил и промена на валутата и употреба на руската рубља и истакнал дека Министерството за финансии на Крим на 11 март ќе го претстави нацрт планот како ќе се направи овој премин.