Авиокомпаниите со рекордна загуба поради коронакризата

10.06.2020 13:19

2020-та ќе се памети како „најлоша година во авио-индустријата“, објави Mеѓународното здружение за воздушен сообраќај...

Коронакризата ќе предизвика рекордна годишна загуба кај авиокомпаниите од 84 милијарди долари. 2020-та ќе се памети како „најлоша година во авио-индустријата“, објави Mеѓународното здружение за воздушен сообраќај.

Додека процесот на закрепнување на авиопатувањата во Aзија се забрзува, во Eвропа и Северна Америка, авиокомпаниите ги бројат трошоците од повеќемесечните загуби.

Главниот директор на „ИАТА“ Александар Де Јуниак, очекува дека следната година авиосообраќајот ќе порасне за 55 насто, но и натаму ќе биде 30-тина проценти пониско од лани.

Здружението апелира владите да се воздржат од карантински мерки кои ќе ги премислат патниците да патуваат, потенцирајќи дека сигурносните мерки во авионите се соодветни.