Баерн и Атлетико по печат, Арсенал и Милан по изнендување
Успехот на гостинските екипи на првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА, е најава за резултатски извесни реванши од оваа етапа во најквалитетната интернационална клупска конкуренција. Но може ли некој однапред да им ги одземе мечтите на Арсенал или на Милан коишто вечерва ќе се обидат да го направат тоа што им успеало само на две екипи претходно – да останат во натпреварувањето иако го загубија првиот меч на домашен терен.

Лондонскиот клуб е во тешка ситуација против европскиот првак Баерн, кој на „Емирати“ победи со 2-0 со головите на Крос и на Милер. Сепак, Арсен Венгер и неговите веруваат дека може да се повтори ланската година кога во истата фаза Баерн победи на гостинска трева со 3-1, а потоа загуби дома со 2-0. Тогаш отпишаниот Арсенал беше елиминиран само поради правилото „гол на гостински терен“, иако победи првпат во Минхен. Претходно, Баерн се радуваше двапати, а со оглед на квалитетот и на извонредната форма на баварците, тешко е да се верува дека може да има чудо.
Но во Лигата на шампионите сите имаат право да веруваат, а тоа особено важи за седумкратниот освојувач Милан. „Росонерите“ загубија од Атлетико со 1-0 на „Сан Сиро. Тој гол на Диего Коста го става Атлетико во улога на фаворит на „Висенте Калдерон“. На својот стадион шпанскиот тим победи на 15 од последните 16 натпревари со европски предзнак, па без оглед на огромното реноме на фудбалерите на Кларенс Сидорф, Атлетико е блиску да го повтори успехот од 1997-ма, кога беше осминафиналист во фудбалската Лига на шампионите.