Против Левски за Топ 6
11.03.2014 12:03
Кумановци атакуваат на една победа во последните два натпревара, со која што ќе се пласираат меѓу првите 6 екипи во балканската БИБЛ кошаркарска лига. Претпоследниот противник на Куманово ќе му биде бугарскиот претставник, кој што доаѓа во Македонија во улога на фаворит, со силен состав и со трофејот во бугарскиот Куп.

Тренерот на домаќините, Горан Димитријевиќ верува дека и покрај заминуваерто на Ивица Димчевски, Дарко Станимировиќ и Дарко Радуловиќ, на домашен терен и пред полна сала, неговата екипа има шанса да се избори за победа. Имаме силен тим, кој што полека созрева, Луковиќ ќе игра против Левски и верувам дека шансите за триумф ни се големи, изјавил за официјалниот сајт на БИБЛ лигата, Димитријевиќ.
Во првиот натпревар меѓу овие две екипи, одигран на 10-ти декември минатата година, во салата Универзијада во Софија победи Левски, со 88:82.
Куманово е во серија од 5 порази на гости и еден на домашен терен. По триумфот дома против Кожув, Кумановци на гостувањата загубија редоследно од Крајова, Сигал, Пеќ, Балкан, дома од Теодо и кај шампионот Галил Гилбоа. Последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната ќе го одиграат во Гевгелија, кај Кожув, на 18-ти март.
Куманово има 6 победи и 8 порази во БИБЛ лигата, на табелата е на 6-та позиција, со ист учинок као и екипата на Теодо. Левски е на третата позиција, со скор 8 победи и 5 порази. Првите две екипи по регуларниот дел на сезоната ќе се пласираат директно на фајнал фор турнирот. Следните 4 во пласманот, ќе разигруваат во втората рунда, за двете слободни места на завршниот турнир. Минатата сезона, во премиерата на Балканот, Кумановци беа дел од завршницата.
Преносот од денешниот натпревар е во 17:30 часот.