КОВИД-19
Масовно тестирање во Пекинг поради нов кластер
15.06.2020 10:51
Властите во главниот град на Кина предупредија на втор бран од ковид-19 и најавуваат строги мерки.

По педесетина дена без ниеден случај на заболен, во Пекинг викендов регистрирани нови 36 заразени лица од коронавирус кој се пренел на локално ниво. Властите во главниот град на Кина предупредија на втор бран од ковид-19 и најавуваат строги мерки.
И овој пат извор на вирусот бил пазар за храна. Рестрикциите на Стариот континент продолжуваат да се намалуваат. Земјите-членки на ЕУ постепено почнуваат да ги отвораат границите, но превентивните мерки ќе останат во сила.
Во Јужна Америка, Бразил и натаму со најголем број заболени и починати.
