САД

Продолжуваат протестите против расизмот, реформи во полициските оддели

15.06.2020 11:13

27-годишниот Рејшард Брукс беше застрелан и повреден на паркинг пред ресторан во Атланта откако се обидел да им побегне на полицајците кои му направиле алкотест...

Нов бран протести во САД по убиството на уште еден Афроамериканец за време на приведувањето од страна на полициски службеници. 27-годишниот Рејшард Брукс беше застрелан и повреден на паркинг пред ресторан во Атланта откако се обидел да им побегне на полицајците кои му направиле алкотест.

Тој починал за време на болничка операција. Атланта е еден од многу американски градови каде што се проширија протестите против полициската бруталност и расизмот поттикнати од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Поради најновите инциденти, властите во одредени региони почнаа да спроведуваат реформи во полициските оддели.