РУСИЈА

Путин: Ние сме пред САД во однос на новитетите во оружјето

15.06.2020 11:52

Двете страни ги зајакнуваат воените капацитети по серијата неуспешни договори од ерата на Студената војна.

„Русија ќе може да се одбрани од хиперсоничното оружје на другите држави“, изјави претседателот Владимир Путин, нагласувајќи дека неговата земја е пред САД кога станува збор за развојот на нови видови оружја.

Двете страни ги зајакнуваат воените капацитети по серијата неуспешни договори од ерата на Студената војна.

Лани Русија ги воведе своите први хиперсонични ракети, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, а Пентагон планира тоа да го направи до почетокот или средината на оваа деценија.