Почеток на менопауза-симптоми
Нередовниот циклус е првиот и највообичаен симптом на менопауза. Тој е резултат од нестабилноста на хормоните на вашето тело кои работат до крајот на вашата плодност. Топли, а понекогаш и ладни валунзи се случуваат ненадејно и предизвикуваат црвенило во лицето. Сето тоа се случува заради падот на естрогенот. Жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница затоа што не можат да спијат од брановите на жештина. Освен снабдувањето на телото со естроген, во периодот на менопауза опаѓа и снабдувањето на прогестерон.
Нередовниот циклус е првиот и највообичаен симптом на менопауза. Тој е резултат од нестабилноста на хормоните на вашето тело кои работат до крајот на вашата плодност. Топли, а понекогаш и ладни валунзи се случуваат ненадејно и предизвикуваат црвенило во лицето. Сето тоа се случува заради падот на естрогенот. Жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница затоа што не можат да спијат од брановите на жештина. Освен снабдувањето на телото со естроген, во периодот на менопауза опаѓа и снабдувањето на прогестерон. Заради намаленото производство на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, ткивото почнува да се суши и станува помалку еластично. Чувството на напнатост, изиритираност и депресија можат да ја совладаат жената која минува низ менопауза. Вознемиреност и губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, како и нападите на паника и физичките знаци, како забрзано биење на срцето и отежнато дишење. Заради хормоналната неурамнотеженост екстремитетите почнуваат полека да отекуваат и да болат. Меѓутоа, доколку е болката се зачестена и понеподнослива, треба да се оди на лекар. Чест симптом на влегувањето во менопауза е и постоењето на хормонална неурамнотеженост која се гледа и во промените во растењето на косата. Заради намаленото производство на естроген може да дојде и до проретчување или до губење на косата.
