Горивата поскапуваат

15.06.2020 13:11

Причини за корекциите на цените се поскапувањето на дериватите на светската берза и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот...

Литар бензин од 95 октани од полноќ поскапува за 1,5 денар, додека бензинот од 98 октани, дизелот и екстралесното за денар. Мазутот добива повисока цена за 0,273 денари за килограм.

Причини за корекциите на цените се поскапувањето на дериватите на светската берза и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.