Ретро мода
10.06.2020 14:37
Миди должина на фустани и здолништа,предимензионирана облека,потсетуваат на осумдесеттите и деведесеттите.

Модата ги врти своите циклуси, па се навраќа на изминатите децении. Карирано, панталони со широки ногавици, чевли на платформа. Потсетува на седумдесеттите, нели.
Миди должина на фустани и здолништа,предимензионирана облека,потсетуваат на осумдесеттите и деведесеттите.
Тантела, карнери, ракави, што се шират во долниот дел.
Погледнете во плакарите на вашите мајки и баби, можеби ќе најдете некое драгоцено парче, кое ќе го усогласите со нешто ново.
Носталгија, за тие што веќе ја познаваат изминатата мода, тренд за новите генерации.
И на крајот, ретро е стил, тоа не значи да се биде демоде.