Сопственчка на туристичка агенција измамила граѓани
Измамничката им понудила аранжмани за хотелско сместување во Банско за сума од 16 до 48 ипол илјади денари. Откако оштетените ја прифатиле понудата, им издала договори за патувањето, заверени со печат од агенцијата Травел од Скопје.

Измамени се пет граѓани што уплатиле за патување во Банско, Бугарија. Сопственичка на туристичка агенција ги измамила, така што тие двапати си го платиле одморот во Бугарија за нив и за нивните семејства, соопштуваат од МВР.
Измамничката им понудила аранжмани за хотелско сместување во Банско за сума од 16.000 до 48.500 илјади денари. Откако оштетените ја прифатиле понудата, им издала договори за патувањето, заверени со печат од агенцијата Травел од Скопје.
Откако средствата биле уплатени им издала и фискални сметки и ваучери за хотелот за 6-дневни аранжмани. Кога оштетените отишле во Бугарија со сопствен превоз,добиле одговор дека уплатата е само за два дена престој.
При проверката во туристичката агенција било констатирано дека таа не работи,а вработените се на „колективен одмор“. Сопственичката не одговарала на телефонските повици.
Против неа се поднесени кривични пријави за измама, за вкупен износ од околу 112 илјади денари.
