Трката за најдобар стрелец продолжува
Роналдо,Суарез,Коста...инспиративни, вонсериски гол-играчи, многу блиску еден до друг и натаму се во трката за престижниот епитет „крал на стрелците“!
Роналдо,Суарез,Коста...инспиративни, вонсериски гол-играчи, многу блиску еден до друг и натаму се во трката за престижниот епитет „крал на стрелците“!
Кристијано Роналдо со голот против Леванте, негов 24-ти во сезоната, му се придружи на врвот на Луиз Суарез. Двајцата со по 48 бодови се на чело на листата која ја води УЕФА.Трет е напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста со 21 постигнат гол, или со 42 бода. Четврти е стрелецот на Ливерпул Даниел Стариџ со 36 бодови. Првите четворица од списокот за секој постигнат гол добиваат по 2 поени.Следат тројца играчи со помал кефициент. Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ, Хонатан Сориано од Салзбург и Алфред Финбогасон од Херенвен се на делба на 5-то место со по 34.5 бодови. За секој постигнат гол тие добиваат по 1.5 поен.
Во досегашниот тек од сезоната со 27 голови најефикасен е Неријус Валскис од литванската Судува, но има коефициент 1 и се наоѓа на 22-то место.
Редослед:
1.Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 48 бодови (24 голови х2)
1.Луис Суарез (Ливерпул) 48 (24х2)
3.Диего Коста (Атлетико Мадрид) 42 (21х2)
4.Даниел Стариџ (Ливерпул) 36 (18х2)
5.Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ) 34.5 (23х1.5)
5.Хонатан Сориано (Салзбург) 34.5 (23х1.5)
5.Алфред Финбогасон(Херенвен) 34.5 (23х1.5)
