Хотелите повторно отворени за гостите
По неколкумесечна пауза, хотелите од денеска се повторно отворени за гостите. Стапи во сила протоколот, според кој хотелите повторно може да работат.

Хотелите ги отвораат вратите за гостите. За нив важат нови протоколи кои треба да спречат ширење на коронавирусот, кои почнуваат да се применуваат уште од влез на објектот. Најголемиот дел од капацитетите во Охрид ја отворија вратата, во Струга не е случај тоа.
Според протоколите задолжително е носење заштитна маска. Може да се нудат единечни или двојни соби, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство. На рецепција треба да има монтажна преграда од проѕирна пластика или стакло. Хотелските работници треба да ги отстранат предметите кои во контакт можат да бидат предмет на зараза. Ќе се плаќа со кредитна картичка како степен на заштита.
Епидемијата со Ковид 19 од март ги затвори хотелските капацитети за гостите. Дел од нив се користеа како државни карантини.
И протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува послужување храна на шведска маса. Сите апарати за точење вода, чај, кафе, сок, да се отстранат од употреба и пијалаците да се даваат по желба на гостите при послужувањето на масата.
Дијана Ценевска
